Еден од лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) Драган Ѓилас вчера во Скопје остварил средба со премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев, на која разговарале за ситуацијата во регионот, соопшти СзС, нагласувајќи дека средбата се остварила на повик на Заев.
Како што се наведува во соопштението, Ѓилас и Заев ја нагласиле важноста на напорите и на власта и на опозицијата, за унапредување на односите меѓу двете земји и двата пријателски народа.
Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности, двајцата договориле соработка меѓу СДСМ и организацијата која Ѓилас ќе ја формира во следниот период.
Ѓилас му честитал на Заев за постигнатиот историски договор со Грција, нагласувајќи дека заслужено се нашол меѓу предложените кандидати за Нобелова награда за мир, заедно со грчкиот колега Алексис Ципрас
Comments are closed for this post.