Незадоволството на овоштарите и не продаденото производство ги натера земјоделците да протестираат и да блокираат патот Битола- Ресен.
Со моменталната цена од 3-5 денари по килограм за откуп прозведувачите револтирано велат дека се во загуби, имајќи предвид дека за се произведе јаболко требаат околу 8 денари.
Произведувачите на јаболко бараат средба со премиерот но и враќање на интервентната мерка од минатата година која во 2019 ги оставила на половина пат, односно со половина откупено произведство.
Поради одржување протест во двата правци е блокиран патниот правец А3 Битола – Ресен на м.в „Макази“ во двата правци.
Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија, патот е блокиран од 11 часот.
Comments are closed for this post.