Македонската кошаркарска федерација го прифати барањето на Гостивар и одлучи завршницата од Купот на Македонија која викендов требаше да се игра во Гевгелија да биде одложена за два месеца.
Завршницата од Купот на Македонија е одложена на барање на Кошаркарскиот клуб од Гостивар поради трагичната сообраќајна несреќа во која загинаа 14 жители на овој град.
Меѓу загинатите е и еден млад кошаркар од вториот тим на КК Гостивар.
Македонската кошаркарска федерација испрати и официјална потврда дека барањето е прифатено. Во соопштението до МКФ се вели:
„Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. Четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.
Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд. Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите. Искрено сочувство до семејствата и пријателите на загинатите.“
Завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија ќе се игра од 12 до 14 април во Гевгелија.
Comments are closed for this post.