Поради трагичната несреќа кошаркарскиот клуб Гостивар ги одложи натпреварите во сите категории.

Управата на клубот преку соопштение изрази жалење за загубените животи и соочуство со нивните семејства, а на повредените брзо закрепнување.

„Ја информираме јавноста и МКФ дека, КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот КУП на Македонија и бараме безусловно одлагање на истиот.“

Во соопштението се наведува дека во несреќата животот го загуби и членот на клубот Јовица Трпевски (25), инаку син на пратеникот од СДСМ, Благојче Трпевски.

Клубот ги одложува и натпреварите од Втората и младинските лиги закажани за викендов.