Во врска со вчерашната трагична сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, министерството за здравство информира дека за помош на повредените мобилизирани се специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники.
„На располагање се екипите од болницата ‘8-ми Септември’, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници ‘Систина’ и ‘Неуромедика’“, информираат од надлежното министерство.
Од таму дополнуваат дека медицинските тимови се максинално ангажирани и ажурни во целта да се направи сè за да се спасат животите на тешко повредените.
Седуммина од патниците кои што се хоспитализирани во Скопје сѐ уште се во критична и тешка состојба. Бројот на жртвите се искачи на 14 лица.
Comments are closed for this post.