Африкански црн леопард е фотографиран за прв пат, по повеќе од 100 години, велат научниците. Биолозите снимиле ретки снимки од елегантната голема мачка во Кенија, а за првпат животното е фотографирано во Африка од 1909 година, вели Ник Пилфолд, научник во зоолошката градина во Сан Диего.
Пилфолд рече дека ги снимале овие снимки по неколку месеци гледање и чекање. Неговиот тим на биолози ги ставиле камерите за следење на популацијата на леопарди во близина на засолниште во округот Лаикипиа минатата година, кога ги слушнаа извештаите за можна појава на црн леопард.
Бојата на женскиот леопард е темно црна како резултат на меланизмот, генетска мутација која резултира со прекумерно производство на пигмент, рече Пилфолд.
Исполнет е долгогодишниот сон и на фотографот кој го фотографирал леопардот. Бурард-Лукас, кој ги снимил сликите на црниот леопард, го опишал својот долгогодишен сон за фотографирање на големата мачка.
“За мене, ниту едно животно не е обвиткано во поголема мистерија, ниту животно поубаво”, објави тој на неговиот блог.
Comments are closed for this post.