Родриго Дутерте, претседателот на Филипини, планира да го смени името на државата со намера да ја тргне земјата од колонијалното минато. Весникот „Манила булетин“ пишува дека Дутерте планира Филипини да ги преименува во „Махарлика“, што на локален јазик значи благородник.
Името на државата е дадено од кралот Филип Втори кога таа беше шпанска колонија.
Портпаролот на претседателот Салвадор Панело на прес-конференција рече дека „Уставот предвидува можност Конгресот да донесе закон со кој ќе се смени името на државата. А тоа име ќе биде дадено на референдумско изјаснување“.
Името Махарлика е избрано за да се истакне идентитетот на Малаите.
Comments are closed for this post.