Министерот за надворешни работи Никола Димитров откри дека на рефередумот на 30 септември цензусот нема да биде земен во предвид и дека Договорот со Грција секако ќе оди на импелментација во Собрание. На денешната прес конференција тој со картони на кои беа испишани членови на Договорот од Преспа нагласуваше дека договорот секако ќе оди во Собрание.

При тоа, она што е најважно дека цензусот дефинитивно нема да се почитува и дека во предвид ќе се земе бројот на оние што ќе излезат на гласање и ќе гласаат „за“ договорот. Сепак тој не сакаше да каже која е таа бројка на глачи што треба да излезат и дека во предвид ќе се земаат гласачите  кои гласаат на парламентарни избори.

Димитров детално ги објасни и уставните измени што ќе бидат направени доколку биде обезбедено двотретинско мнозинство.

Според него, уставните амандмани не се напишани и ќе ги формулира Собранието.

Едниот се однесува на герографската одредница Северна кон името Македонија Вториот се однесува на заштитата на границите и оди многу понатаму од тоа дека се гарантира неменливост на границите и поголем чекор од немање територијални претензии. Третиот амандман е заштитата за припадните на македонското национално малцинство во соседните земји, која се проширува на грижа за целата дијаспора во светот. И во делот на Преамбулата, нема да се чепка ништо од  од државно правниот наратив, од Илинденското востание, преку АСНОМ, до референдумот од 8 септември 1991, туку ќе ги конкретизира и поединечно ќе ги наведе конститутивните одлуки на АСНОМ,  објасни Димитров.