Скандалозен говор на претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани на церемонијата на “Денот на сеќавањето” во Басовици предизвика жестоки реакции во Хрватска и Словенија. Тајани говорот го заврши со зборовите “Да живее Трст, да живее италинска Истра, да живее италијанска Далмација”.

Особено жестоки беа реакциите на хрватските ервопарламентарци, но реагираше и словенечкиот премиер Марјан Шарец.

Истра и Далмација историски се хрватски области иникаков ревизионизам на италијанската десница, Тајани и неговите сојузници од ЕПП на која и припаѓа и ХДЗ нема тоа да го променат. Далмација и Истра пателе под чизмата на италијанскиот фашизам и целата своја слобода и приклучувањето на земјата матица ја изборија во народноослободителната борба во која со Хрватите и Словенците учествуваа и италијанските антифашисти, вели пратеникот во Европскиот парламент од СДП, Тонино Пицула.

 

Срамота за претседател на Европски парламент. Мојата доверба повеќе ја нема, коментира Иван Јавковиќ.

Во саботата говорев за некои кои сакаат да ја изменат словенечката историја. Истото се случува и во Италија. Тоа го прават политичари  службеници на ЕУ. Ова е историски ревизионизам без преседан. Фажизмот беше насочен кон уништување на слобенечката нација, вели словенечкиот премиер Марјан Шарец.