Бројот на заболени од морбили во Европа за последната година е тројно зголемен и стигнува до бројка од 82.596 лица, што е најголема во последната деценија, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Наспроти големата покриеност со вакцинирање на Стариот континент, тоа не е доволно за да се спречи ширењето на вирусот во многу држави. Најмногу случаи на заболени има во Украина-53.218, а следна е Србија со 5.076 лица. Во 2018 година се забележани 72 смртни случаи од морбили. За споредба, во 2017 година тој број изнесувал 42.

Сликата што ја гледаме во Европа за 2018 година јасно покажува дека постојната вакцинација е недоволна за да се спречат морбилите, велат од СЗО.

Морбилите се едно од заболувањата кои, според СЗО, етапно треба да бидат искоренети на светско ниво до 2020 година. Кон крајот на 2018, СЗО објави дека светското движење против вакцинирањето ќе биде една од најголемите опасности во 2019 година. Научните и тоа го посочуваат како една од причините болеста се уште да се шири толку лесно.