Еден од најталентираните фудбалери на Реал Мадрид, Марко Асенсио, се огласи околу шпекулациите дека на сакал да го наследи дресот со број седум кој во минатото го носеше Кристијано Роналдо.
Не е точно дека не сум сакал да ја земам седумката. Никој не ми ја понуди. Воопшто по тоа прашање немав можност да се произнесам. Мој омилен број е десет. Сега тој му припаѓа на Лука Модриќ, што значи е во добри раце. Сепак, можеби во иднина ќе го добијам јас, изјави Асенсио.
22-годишниот Шпанец вчера беше стрелец на единствениот гол на дуелот со Еспањол, по што Реал барем привремено изби на врвот на табелата во Ла Лига.
Comments are closed for this post.