Државата предлага зголемување на концесиите за металични и неметалични суровини, концесионерите се начелно за, но сметаат дека предложеното зголемување е превисоко.
Ова е главниот заклучок од денешната почетна дебата за новиот предлог-тарифник за плаќање на концесиски надоместоци за металични и неметалични суровини што се одржа во Министерството за економија со претставници од концесионерите предводени од претседателот на Македонска асоцијација за рударство при Стопанската комора на Македонија, Николајчо Николов.
Се предвидува новиот тарифник да се применува од 2020 година, а во него се предлага зголемување на надоместокот за концесија од сегашните два отсто на 3,5 отсто од годишните приходи на концесионерот за металични суровини.
Тој посочи дека тарифникот не е изменет неколку години и додаде дека анализите покажале дека треба да се донесе нов тарифник кој ќе биде согласно европските трендови и сличен на соседните земји. Во последните три години, додаде, сите концесионери заедно плаќаат во просек по осум до 10 милиони евра годишно, а тоа според нас како Министерство е недоволно ако се има предвид дека користат општо добро што е на сите граѓани.
Предложивме зголемување од кое најголема придобивка ќе имаат општините кои користат 78 отсто од надоместоците за концесија. Начинот како ќе се зголеми ќе го дискутираме со сите засегнати страни, но истовремено и со општините во кои се лоцирани најголемите концесионери. Ако се зголеми концесијата и остане ист бројот на концесионери, буџетот на општините и на државата ќе се зголеми за шест до осум милиони евра. Во Владата ќе предложам средствата од секое зголемување на надоместоците наменски да се користат за животната средина, здравството и образованието, потенцира Бектеши.
Претседателот на Македонска асоцијација за рударство денешната дебата ја оцени како одлична можност концесионерите да се запознаат со првичниот предлог изготвен од Министерството за економија за зголемување на концесискиот надомест.Тој прецизира дека рудниците треба да плаќаат соодветно на богатството на рудата што ја експлоатираат. Ќе предложиме, нагласи, концесијата да има два дела, еден фиксен и обврзувачки и еден варијабилен што ќе се определува преку профитот или каква руда се експлоатира.
Comments are closed for this post.