Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски престојува во четиридневна работна посета на главниот град на САД Вашингтон.

Во рамките на посетата Николоски ќе учествува на Молитвениот појадок кој еднаш годишно се одржува во Вашингтон во организација на Претседателот на САД. На молитвениот појадок учествуваат лидери од целиот свет, а главен говорник оваа година е Претседателот на САД Доналд Трамп. Николоски покрај на молитвениот појадок е поканет да учествува и на престижната средба на меѓународни лидери.

Покрај учеството на Молитвениот појадок и активностите поврзани со истиот Николоски ќе оствари средби и со високи претставници на администрацијата на САД, средби во Стејт Департментот, средби во Сенатот и Претставничкиот Дом на САД, како и средби со тинк тенкови и влијателни организации. Се очекува Николоски да оствари средба со Претседателот на Националниот Демократски институт (НДИ) Дерек Мичел, директорот за Европа на Меѓународниот Републикански институт (ИРИ) Пол МекКарти.

НДИ и ИРИ се двата најголеми светски институти едниот близок со Републиканската партија, а другиот со Демократската Партија. Средбите со највисокото водство на овие два институти ја покажуваат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон изградба на партнерски однос со клучните политички субјекти во САД.

Исто така Николоски се очекува да оствари средба во Стејт Департментот со заменикот помошник секретар Метју Палмер, како и во Сенатот со Сенаторот Мајк Ли, а во Конгресот се очекува да се сретне со Конгресменот Роберт Аделхорт и Конгресменот Мајк Дојл.

Николоски ќе оствари средби и со влијателниот креатор на политики Даниел Сервер, еден од водечките луѓе во финансиите и поранешен Претседател на Младите Републиканци Ерик Хоплин, неколку новинари, како и креатори на јавно мислење во Соединетите Американски Држави итн. Николоски ќе оставри средби и со македонската дијаспора во САД.

Овие бројни средби ја покажуваат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ кон изградба на партнерски однос со Соединетите Американски Држави, како и стратешката ориентација на Македонија за членство во НАТО и партнерство со САД. Николоски ќе ги престави плановите на ВМРО ДПМНЕ за следниот период како и критика кон актуелната Влада и лошите политики кои ги спроведува на економско уништување како и последиците од националното  обезличување на македонскиот народ. Николоски ќе ја потврди поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.