Американскиот технолошки гигант , Епл објави дека со француските власти е постигнат договор за подмирување на десетгодишниот даночен долг.
Компанијата , според француските медиуми, платила речиси 500 милиони евра долг , согласно доверливиот договор постигнат во декември. Во Епл за француските медиуми не сакале да го потврдат износот , но велат дека е точен оној што веќе е наведен. Француските власти не го коментираат исплаќањето на десетгодишниот долг со образложение дека даночните податоци се тајна.
Според медиумите , договорот е постигнат по повеќемесечни опреговори во однос на скромните приходи што ги пријавувал Епл во Франција и покрај големата побарувачка на нивните производи.
Француските власти се повикале на податоците во другите европски земји. Така , во Европа американскиот гигант минатата година остварил приход од 47,7 милијарди евра , за разлика од 2008 кога имал приход од ,,скромни” 6,6 милијарди.
Comments are closed for this post.