Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани врши притисок врз италијанската Влада да се приклучи кон другите земји на ЕУ по прашањето за Венецуела.
Тајани ја критикуваше позицијата на Владата во Рим како „многу тешка” и побара од неа да ја следи, како што вели, многу јасната порака на претседателот Серџо Маркионе за единството на ЕУ, кога станува збор за политичката криза во Венецуела.
Многу земји-членки на ЕУ го признаа опозицискиот лидер Хуан Гуаидо како привремен претседател на Венецуела, а Унијата изготви декларација за заедничка позиција кон Каракас.
Италија го блокираше усвојувањето и повика на помирување и нови слободни избори во Венецуела.
Comments are closed for this post.