Припадниците на шумската полиција секојдневно се соочуваат со проблеми поради тоа што на терен одат со несоодветна опрема и униформи, поради што, како што истакнуваат, често се случува службеното оружје да мора да го носат во џеб, во чорапи, во чизми… Освен проблемите со опремата, не им се исплатуваат ниту 20 проценти на платата по основ на овластување, што законски им следуваат како шумски полицајци.
Со цел да јасно да побараат да престане ускратувањето на правата што ги имаат според закон претставници од 21 станица на шумската полиција од цела Македонија се собраа на протест пред Владата. Од таму го изразија револтот поради тоа што на почетокот на 2018 година на седница на Владата била донесена одлука за потпишување на колективен договор со што би се решиле проблемите со кои досега се соочувала шумската полиција, но таа одлука не се спроведува.
Како што наведе Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев, во септември минатата година од нив било побарано одлагање на примената на колективниот договор, нешто што тие го прифатиле, но да биде заклучно со 1 јануари 2019 година. Како што рече, Делчев Тодев, од тогаш е поминат цел месец, а немаат никакви вести од министерот за земјоделство за потпишување на договорот.
Изразија и незадоволство поради пресметките на нивните плати. Делчев Тодев посочи дека „се измислуваат“ правила со кои не им се плаќаат правилно прекувремените часови.
Министерот за земјоделство мора да сфати дека грешката што ја прави веќе две години мора да ја исправи. Ниту опрема, ниту 20 осто на плата по однос на овластување – претседателот на претседателот на Независниот синдикат на полицијата.
Делчев Тодев изјави дека не станува збор за нешто ново, туку за одлука што е донесена, а не е имплементирана.
Бидејќи не е спроведена ние веќе две години сме во судски процес и сите процеси што се поднесени како тужби од страна на Независниот синдикат ги имаме добиено, истакна Делчев Тодев.
Никола Гагоски, претседателот на Незвисниот синдикат на шумската полиција и администрација, наведе дека шумските полицајци земаат плата во износ од 16.800 денари.
Ако просечната плата во Македонија е 24.000 денари, шумскиот полицаец зема 16.800 денари. Сегашниот министер за земјоделство, во тоа време, не охрабри да си ги бараме правата, ветувајќи дека кога тој ќе биде министер за земјоделство сите проблеми со кои досега сме се соочувале, ќе ни бидат решени. Две години поминаа, ние не само што не ги добивме правата, туку ги изгубивме и прекувремнените часови што ни ги плаќаа – истакна Гагоски.
Од пред Владата, припадниците на шумската полиција го продолжија протестот пред Министерството за земјоделство.
Comments are closed for this post.