Претседателот на венецуелскиот Парламент и опозициски лидер Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател денеска ги повика своите прврзаници да се вратат на улица ширум земјата со цел да го засилат притсокот врз претседателот Николас Мадуро да замине од функцијата.
Од друга страна, социјалистичката Влада на Мадуро исто така ги повика своите приврзаници да излезат на улица и да развеат знамиња, за да ја прослават 20-годишнината од Боливарската револуција, што ја предводеше поранешниот претседател Уго Чавез.
Поради демонстрациите на двајцата политички опоненти, што се одржуваат во време на политичка криза постои ризик од извивање на насилни судири помеѓу опозицијата и безбедносните сили.
Во меѓувреме американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон на Твитер напиша дека САД планираат да испратат хуманитарна помош во Венецуела и покрај тоа што Мадуро одбива да прифати помош.
– Во согласност со барањето на привремениот претседател Хуан Гуидо и во консултации со неговите претставници, САД ќе се мобилизираат и ќе транспортираат хуманитарна помош – лекови, хирушки материјали и прехранбени производи за народот на Венецуела. Тоа е време Мадуро да се тргне од патот, посочи Болтон.
Претходно, американскиот потпретседател Мајк Пенс синоќа изјави дека поминало времето за дијалог со Венецуела, како и дека сите опции се на маса.
– Ова не е време за дијалог. Ова е време за дела. Дојде време да се стави крај на диктатуратана Мадуро еднаш за секогаш, посочи Пенс.
Гуидо вчера изјави дека ја одбива понудата на претседателот на Мексико и на Уругвај да преговараат со Мадуро, кој потврди дека е подготвен за дијалог и за евентуално посредување на странските држави во изборите.
Кризата почна откако Мадуро минатиот месец го почна вториот претседателски мандат по изборите во 2018 година, за кои опозицијата тврди дека се наместени, а опозицијата почна масовни протести, додека Гуаидо се прогласи за привремен претседател на Венецуела
Comments are closed for this post.