Пратеникот Антонио Милошоски реагира на грубо кршење на Деловникот на Собранието. Во неговата објава на Фејсбук тој реагира дека Министерот за надворешни, Никола Димитров, денеска ги понижи пратениците во Собранието, но и новинарите и јавноста, со тоа што биографиите на амбасадорите Игор Џундев, Горан Стевчевски, Оливер Крлиу, Никола Колев, Абдулкадар Мемеди, Сузана Зеленковска, Екрем Ебиби, Рамадан Назифи, Крум Ефремов и Мира Крајачиќ кои ќе ја претставуваат Македонија во меѓународните организации во Виена, Австрија, Шпанија, Обединтетите Арапски Емирати, Словенија, Босна и Херцеговина, Германија, Украина и Шведка и нивните тези ги прогласи за класифицирани информации.
Никогаш не се случило во парламентарната историја во Македонија биографиите и тезите на амбасадорите да бидат класифицирани, а дел од пратениците и јавноста како даночни обврзници да бидат исклучени и да не знаат кого ќе го плаќаат и на кој начин ќе не претставуваат во светот.
Ова е понижување за Собранието, граѓаните и новинарите кои ја следат надворешната политика и бурно реагираа на ваквиот преседан на министерот Димитров и Талат Џафери.
Дополнително, седницата на Комисијата за надворешни работи со класифицирани материјали ја закажал Талат Џафери утрово во 9:30 за истата да се одржи во 11 часот. Дали е ова транспаретност и законитост ценете сами, праќаме амбасадори во светски центри со класифицирани биографии и тези. Ова е срамна порака и до земјите каде се испраќаат овие амбасадори. Дали со ова покажуваме дека праќаме несоодветни лица, дали е точно дека двајца од амбасадорите не ги исполнуваат сите законски услови за да бидат упатени, или пак имаме скриена дипломатија кон традиционалните сојузници како Германија, Шпанија, Австрија но и сите други земји- реагира пратеникот.
Comments are closed for this post.