Град Скопје започнува постапка за формирање на ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено исклучиво за третман и благосостојба на животните. Со ова, како што појасни градоначалникот Петре Шилегов, стацинарот „Вардариште“ нема повеќе да биде во надлежност на ЈП „Комунална хигиена“ туку ќе добие еднаков приоритет со другите претпријатија кои што се занимаваат со комуналните работи во градот.
Претпријатието во своја надлежност во целост ќе ги преземе сите активности кои ќе опфаќаат заловување на животни скитници, нивна стерилизација, ветеринарна грижа, регистрација и процедури за вдомување за заинтересираните граѓани.
Градоначалникот рече дека претпријатието се очекува да биде формирано до крајот на март, со буџетски средства на Град Скопје, како и средства од ЈП „Комунална хигиена“. За името на новото јавно претпријатие сè уште нема одлука а лична желба на градоначалникот е да го носи името „Лајка“ бидејќи го има сменето човештвото и е од улиците на Москва.
Во работата на новото претпријатие ќе се вклучи дел од постојниот персонал, а градоначалникот искрено се надева дека професионално и волонтерски ќе се вклучат и активисти од здруженијата за заштита на животните.
Comments are closed for this post.