Во текот на ноќта, од 23 часот до 5 часот изутринава, полициски службеници во Скопје контролирале вкупно 200 возачи, од кои 150 биле подложени на алкотест. Кај 48 од нив утврдено е присуство на алкохол во крвта. Тројца од нив одбиле да подлежат на алкотестирање.
Како што соопштија од МВР, полицијата спроведува зајакната контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Акцијата ја спровело Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје.
Исклучени се 51 возач од сообраќај, времено се одземени 40 возачки дозволи, издадени се 58 мандатни платни налози и 25 прекршочни платни налози, а против две лица се поднесени барања за поведување прекршочна постапка – се вели во соопштението од МВР.
По однос на констатираните прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила кон возачи, како штос е наведува, преземени се вкупно 144 мерки.
Comments are closed for this post.