Новинската агенција МИА ги променила изјавите на премиерот Зоран Заев дадени во кусото интервју за МИА од Вашингтон по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс, откако интервенирала Атина, пишува  „Катимерини“   

Во интервју за МИА во Вашингтон, Заев изјавил: „Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија. Ова е наша Македонија и нема да има ниедна друга во светот“. МИА веднаш го пренесе интервјуто, но подоцна комплетно ги промени изјавите на Заев, пренесува „Катимерини.

Променетото интервју изгледало вака: „Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката “северна” прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија“, пишува во текстот на “Катимерини”.