Ален Роберт, познат како „францускиот Спајдермен“, направи нов подвиг искачувајќи се на 47-катна зграда во Манила.Својот прекар, 56-годишниот Французин го доби откако се искачи на Вилис Таур во Чикаго во 1999 година.

Роберт своето хоби почнал да го практикува од 11-годишна возраст. Досега искачил повеќе од 150 облакодери во светот. Меѓу неговите „трофеи“ се Ајфеловата кула во Париз, Операта во Сиднеј, Бурџ Халифа во Дубаи и други.

Откако се симнал од 47-катниот облакодер, Роберт бил уапсен и одведен во полициска станица.