Најавата за 4 нови инвестиции на Анѓушев се 4 нови лаги на оваа криминална и неспособна власт. За 2 години не донесоа ниту една странска Гринфилд инвестиција и не отворија нови работни места. Македонија наместо рекордер по економски раст, со неспособниот Заев станавме рекордер по задолжување, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат:
„Извештаите покажуваат дека 500 000 луѓе живеат во сиромаштија. Крајот сме на Јануари а јавноста уште ја чека германската инвестиција на Заев, која е исто толку реална колку неговите ветувања за инвестиции на Гоогле и ФБ во државава Зоран Заев и Кочо Анѓушев нанесоа сериозни штети и последици врз македонската економија. Откако СДСМ е на власт, економијата во државата е во слободен пад, а граѓаните живеат се потешко. Ветуваа живот, а граѓаните добија сиромаштија, црнила и рушење на нивниот стандард.“
Од партијата потенцираат дека во Македонија престана да се зборува за отворање на нови работни места, а платите се далеку од ветените 500 евра, а
Заев вети просечна плата од 500 евра уште пред две години и се уште не е реализирано.
„Нема ниту повратот на 15% на ДДВ, нема ништо од зелената нафта за земјоделците, нема покачувањето на пензиите на пензионерите, туку напротив сега со законските измени им ги крати пензиите за цели 400 денари, нема ништо од долго најавуваната младинска гаранција, нема ни приближно 100.000 денари плата за младите специјализанти, нема ништо од ветените 600 километри нов автопат, 500 километри магистрални патишта и 1200 километри локални патишта, ништо од тоа не ни започна да гради, две години имаше застој, за сега да продолжи со довршување на проектите, кои ВМРО-ДПМНЕ ги започна.“
-СДСМ се што вети за се излажа. СДСМ и Заев немаат ниту план ниту програма. Нивните лагите нема да го подобрат стандардот и животот на граѓаните.
Веќе нема таков човек кој верува во лагите на Зоран Заев затоа што побрзо си замине Заев толку подобро. СДСМ се покажа целосно неспособен да управува со државата. Македонија и граѓаните заслужуваат да живеат подобро, а излезот се предвремени парламентарни избори, дополнуваат од партијата.
Comments are closed for this post.