Во градскиот совет на Малага, Шпанија, денес со минута молчење му се одаде почит на починатиот двегодишен Хулен кој на 13 јануари годинава пропадна во една нелегална бушотина за вода.
Момчето пропадна во тесниот отвор на длабочина од 110 метри.
Од тогаш почна една од најдрамтичните спасувачки операции, која за голема жал на семејството и на целиот свет кој од час во час ја следеше спасувачката акција на експертски тим рудари, заврши со трагичен крај.
Цела Шпанија е со семејствотото на Хулен – беше испратена првата порака откако беше соопштено оти Хулен не е повеќе жив. Спасителите го пронајдоа телото на двегодишното дете во 1.25 часот ноќеска.
Истрагата сега треба да покаже како и зошто била ископана таа бушотина за вода и зошто не била обезбедена. Медиумите наведуваат дека такви длабоки нелегални канали низ кои се бара бунарска вода, има многу низ Шпанија.
Хуан, какло што е утврдено во прелиминарната истрага, бил во слободен пад цели 71 метри. Несреќата се случила во планинскиот дел на Андалузија, во градот Тоталан, каде семјствотот на Хулен било на гости кај роднини.
Спасувачката операција била дополнително отежната затоа што се работело на каменест терен. А, бидејќи бушотината била многу тесна за низ неа да влезе возрасен човек, морало да се купа канал покрај бушотината, за на тој начин да се допре до настраданото дете.
Nuestro agradecimiento a todos los que desde toda España y desde todos los ámbitos han dado lo mejor de sí mismos persiguiendo un sueño que por desgracia no pudo hacerse realidad. Vuestro ejemplo de esfuerzo, tesón y valor en la búsqueda de #Julen quedará para siempre pic.twitter.com/0BjQBmvzgp
— Guardia Civil 🇪🇸 (@guardiacivil) January 26, 2019
Comments are closed for this post.