Критиките на американскиот милијардер Џорџ Сорос кон кинескиот претседател Си Џинпин се бесмислени, смета кинеското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Во говорот на светскиот економски форум во Давос, Сорос изјави дека Кина е најбогатиот, најсилниот и технолошки најнапредниот авторитарен режим во светот.

Тоа го прави Си Џинпин најопасниот потивник на отворените општества, рече тој.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунин, на редовниот брифинг, замолена за коментар, одговори дека „изјавите на некои личности, кои ги превртуваат наопаку критериумите за право и погрешно, се бесмислени и нема потреба да бидат демантирани“.