Во Шангај отворен е најдолгиот бетонски пешачки мост изграден со помош на 3Д техниката на печатење.
Изграден е од страна на тим од Универзитеот за архитектура Цингхуа во Пекинг. Мостот е долг 26,3 метри, а широк 3,6 метри.
Моделиран е по најстариот висечки мост во Кина, прочуениот Жаухоу, изграден помеѓу 589 и 618 година во провинцијата Хебеи.
Цингхуа е изграден од 44 бетонски компоненти кои се изработени со помош на 3Д технологија, додека оградата на мостот е поделена на 68 единици.
The longest #3dprinted concrete bridge in the world has now been built in Shanghai. Only took 450 hours. Kudos to @Tsinghua_Uni on the accomplishment…https://t.co/tzkwSUMhv7 pic.twitter.com/H1PgfI1swx
— 3Diligent (@3Diligent) January 24, 2019
Бетонските компоненти се печатени со помош на две „роботски раце“, на кои им биле потребни 450 саати да го завршат процесот. Според проценките, споредено со конвенционалниот процес на градба, направена е заштеда од 33 посто.
3D printed bridge opens in Shanghai after being built in 35 days: https://t.co/mjfRsfXuO3 Learn more about #3Dprinting: https://t.co/FttYE6lwF0 pic.twitter.com/bwwrw5ZFQc
— Aitemy Learning (@AitemyLearning) January 24, 2019
Пред почетокот на изградбата на овој мост, направен е помал модел за тестирање и докажување дали може да ги издржи пешаците кои преминувааат или се задржуваат на мостот.
A #3D-printed concrete bridge was completed in East China’s Shanghai. #technology pic.twitter.com/Y9VRY3nFrb
— China Daily (@ChinaDaily) January 15, 2019
Првиот бетонски мост изграден со технологијата на 3Д печатење отворен е во октомври во 2017 година во Холандија.
Comments are closed for this post.