Амал и Џорџ Клуни се пред развод, пишува бритнски „Мирор“ и наведува дека доколку информацијата е точна, овој развод би можел да „тежи“ близу  460 милиони евра.

Службена потврда за разводот се уште нема, но наводно актерот и адвокатката толку жестоко се испокарале што таа ги земала нивните близнаци и заминала во вилата на Сардинија и не одговара на повиците и пораките на Клуни, тврди извор за весникот.

Клуни испраќа пораки бидејќи сака да ги види децата, а Амал наводно му одговорила дека може да ги види, но дека ќе спие во собата за гости.

Брачниот пар последен пат во јавноста се појави на доделувањето на наградите на здружението на дописници на Обединетите нации и делуваа како складен и среќен пар.