Во насока на правилно и точно информирање на јавноста и сите засегнати страни, сакаме да информираме дека сите активности на ТЕ-ТО АД Скопје се одвиваат согласно законите на Република Македонија. Ги почитуваме сите одлуки на надлежните институции и постапуваме по нив. Сите други тврдења се обид за искривување на вистината и обид за манипулација со фактичката состојба.
ТЕ-ТО АД Скопје ја изнесе пред надлежните институции целокупната документација и фактичка состојба и истата, согласно законите, беше прифатена, бидејќи аргументите беа евидентни. Една од засегнатите страни, во јавноста постојано изнесува тврдења кои не се засновани на факти, ниту се поткрепени со докази.
Планот за реорганизација е изготвен според објективни критериуми, согласно сите законски процедури и предвидува рамноправен третман на сите доверители.
Со планот за реорганизација, не само што не се оштетени доверителите, како што се тврди неосновано, туку напротив овозможува најдобра заштита на интересите на доверителите, поради што тие го поддржаа со огромно мнозинство.
ТЕ-ТО АД Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и со редовни примања, согласно законот. Тоа е во најдобар интерес на акционерите и на државата имајќи во предвид дека ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија која работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата.
Comments are closed for this post.