Дрвокрадци откриени од Шумската полиција ги запалиле украдените дрва и автомобилот „мерцедес“ со кој ги пренесувале дрвата и успеале да побегнат.
Инцидентот се случил во близина на Рудникот „Огражден“, кај месноста Палазлија на планината Огражден.
Шумската полиција ги открила за време на редовна контрола. Откако полицијаците го блокирале патот им наредиле на десетината дрвокрадци да застанат. Тие ја зголемиле брзината на движење на возилото, ја поминале поставената блокада и удриле во полициско возило. И покрај тоа не застанале и продолжиле да се движат. Штом поминале ги запалиле дрвата и нивниот автомобил поливајќи ги со бензин.
Во инцидентот нема повредени полицајци, но е направена материјална штета на службеното возило.
Настанот е пријавен во СВР Струмица, од каде информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Инаку, пред два дена Шумската полиција открила друга група дрвокрадци, од која се одземени шест запрежни возила натоварени со украдени дрва.
Comments are closed for this post.