Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер знаат кој си и можат да предвидат што зборуваш и да не си регистриран корисник, покажуваат најновите истражувања.
Алгоритмите на двете мрежи можат да го предвидат твоето размислување според луѓето со кои излегуваш. Проучувањето сериозно ја поткопува идејата дека личниот избор е водечки во борбата за доверливост на личните податоци.
Научници од универзитетите во Вермонт и Аделаида за проучувањето користат повеќе од 30 милиони јавни постови на Твитер на близу 14 илјади корисници. Тие констатираат дека е целосно возможно да се предвиди објава на човек, кој нема профил, само ако се следат постовите на осум или девет лица со кои тој имал лични контакти. Методот е исклучително точен-ако одредена личност ги напуштил социјалните мрежи или никогаш не бил дел од нив, нучниците можат да ги откријат неговите објави или идни активности со точност од 95%.
Научниците посочуваат дека има математичко ограничување на информацијата, што може да ја понудиме за себе на социјалните мрежи, но нема никакво значење дали тоа ќе го сториме ние или некој кој што не познава.
Comments are closed for this post.