Државата нема никаква претстава колку лица, кои добиле бугарски пасош, потоа останале да живеат и работат во Бугарија. Ова стана јасно по денешната средба со новинарите на потпретседателката Илијана Јотова, пишува софиски „Труд“.
Минатата година, според податоците на Министерството за правда, скоро 15.000 странци добиле одобрение за добивање бугарско државјанство. Натурализацијата на странците по основ на бугарското потекло официјално се поддржува од Владата и бизнисот заради намалувањето на бројот на населението. Проблемот е што државата дава бугарски пасоши на странци, кои ги користат за да најдат работа во Западна Европа.
Апсолутна енигма е колку од луѓето остануваат да живеат тука, изјави вицепретседателката, повикувајќи ја власта да создаде регистар.
Таа објасни дека се обидела да дојде до информации околу оваа тема, но тоа дури и за вицепретседателката се покажало како невозможно.
Законот ги обврзува странците, кандидати за државјанство, да посочат службена адреса за престој во Бугарија. Потоа, таа адреса им се впишува во личните карти. Поради тоа, адресата на софиската општина Средец се користи од речиси 37.000 лица. Тие не направиле ништо за да ја сменат адресата, ниту да гласаат на избори. Тоа води кон заклучок дека новите Бугари директно ја напуштаат Бугарија, веднаш штом ќе ги добијат пасошите.
Кандидатите за натурализација врз основа на бугарско потекло треба да го владеат бугарскиот јазик. Водев разговори (со останатите власти), но засега не наидувам на разбирање, рече вицепретседателката.
Според неа, владеењето на законот е многу поважно од сегашните уверенија за потекло, што ги издава Државната агенција за Бугарите во странство. Јотова настојува пасошите да се даваат по свечено.
Во моментов ние само што не ги праќаме по пошта. Многу ми значи промената на церемонијата. Тие луѓе барем еднаш треба да ја слушнат химната и да се заколнат под знамето. Треба да имаат и основни познавања на уставот, изјави вицепретседателката.
Comments are closed for this post.