ФК Работнички се засилува со седум нови фудбалери во зимскиот преоден рок. Сега една од главните задачи на тренерот Жикица Тасевски и стручниот штаб ќе биде да ги вклопат комплетно во тимот што ќе настапува во пролетниот дел од сезоната.
„Работиме напорно, амбициите на клубот се јасни и се надеваме дека ќе ги исполниме во пролетниот дел од првенството. Се засиливме со неколку нови фудбалери, квалитетот е реално зголемен, но ќе треба добро да се воиграме и да вклопиме една добра целина. Затоа и напорно работиме. Следната фаза од подготовките ќе биде реализирана во турската база Анталија, каде ќе имаме тестови со меѓународни противници, изјави за клупскиот сајт шефот на стручниот штаб“, Жикица Тасевски.
Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е најновото засилување на Работнички, тој се враќа во редовите на „романтичарите“ каде настапуваше од 2010 до 2016 година, сега потпишувајќи едногодишен договор до јануари 2020 година.
Во тимот влезе и бразилецот Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор. Тој има 25 години, ќе ја засили навалната линија во тимот и потпиша договор до јули 2020 година.
Comments are closed for this post.