Претседателот, Ѓорге Иванов, вечерва во 19 часот ќе приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, акредитирани во Македонија.
На дипломатскиот прием, кој традиционално го приредува претседателот по повод новогодишните и божиќните празници, најавени се обраќања на претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, шведскиот амбасадор, Матс Стафансон.
Приемот за претставниците на дипломатскиот кор изминатите години беше приреден во Скопје, Струга, Гевгелија, Битола, Крушево и во Берово
Comments are closed for this post.