Шефот на европскиот преговарачки тим за Брегзит, Мишел Барние, во Европскиот парламент порача дека се уште не може да се направат реални проценки за последиците од синоќешното отфрлање на Договорот за Брегзит во британскиот Парламент.
Прерано е да се проценат сите последици од ова гласање, секогаш сме ја почитувале и ќе продолжиме да ја почитуваме демократската парламентарна дебата во Обединетото Кралство и нема да шпекулирам за различни сценарија. Она што вчерашното гласање го покажа е дека политичките услови за ратификацијата на Договорот за повлекување сѐ уште не се присутни во Лондон – изјави Барние.
Тој додаде дека треба да се продолжи да се бара пат напред за Брегзит и дека сега повеќе од било кога ЕУ стравува од неуредно истапување на Велика Британија од Унијата.
Comments are closed for this post.