Портпаролот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, изјави дека стратешкото партнерство помеѓу Турција и САД не треба да биде оптоварено со терористичка пропаганда.
Тој додаде и дека и покрај заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, Турција сепак ќе ја дејствува против курдските Единици за народна одбрана во северниот дел на Сирија.
Калин потенцира дека за Турција не постои разлика помеѓу Единиците за надродна одбрана и Исламска држава.
Во меѓувреме, Ердоган најави дека турски трупи ќе воспостават безбедносна зона во ширина од 30 километри во северниот дел на Сирија и оти за тоа ќе побара логистичка и финансиска помош од САД и другите сојузници.
Зоната ќе ги држи терористите надвор од неа, ќе ги заштити цивилите и ќе ги запре бегалците, посочи Ердоган во турскиот Парламент.
Тој истакна дека за тоа доцна синоќа телефонски разговарал со Трамп. Според Ердоган американскиот претседател истакнал дека сака да соработува со Турција, за да се решат безбедносните проблеми во североисточна Сирија, но при тоа посочил дека Турција не би требало да ги „злоставува“ Курдите и другите национални групи, кои се сојузници на САД во борба против Исламска држава.
Додека Ердоган од своја страна истакнал дека Турција ќе ги поддржи САД во текот на повлекувањето на американските трупи од Сирија.
Телефонскиот разговор Ердоган – Трамп уследи откако американскиот претседател вчера и се закани на Турција дека економски ќе ја уништи ако турските трупи ги нападнат курдските милиции, сојзници на САД во Сирија.
Comments are closed for this post.