Најмалку седум луѓе се убиени при напад врз луксузeн хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби. Кениската полиција соопшти дека се работи за терористички напад.
Вооружени напаѓачи фрлија бомби врз возила на паркинг од хотелот и потоа упаднале во хотелот каде еден од нив активирал експлозив што го носел на себе, изјави полициски командант.
Одговорноста за нападот врз луксузниот хотелски комплекс „ДуситД2“во Најроби ја презеде екстремистичката организација Ал Шабаб.
Ал Шабаб, чие седиште е во Сомалија, објави дека нејзини борци се уште се во хотелскиот комплекс, а пред влезот се наоѓа разнесениот автомобил бомба што бил користен при нападот.
VIDEO: Entrance into Dusit as seen by @FerdyOmondi @BBCAfrica. Developing. pic.twitter.com/RRGKkLJ9zI
— Ian Wafula (@Ian_Wafula) January 15, 2019
Comments are closed for this post.