Голманот на Арсенал, Петр Чех, ќе ја заврши својата кариера како професионален фудбалер на крајот на тековната сезона. За ова 36-годишниот Чешки голман информира преку својот профил на Твитер.
Ова е мојата 20-та сезона како професионален фудбалер. Поминаа две децении откако го потпишав мојот прв договор, па сега е време да објавам дека ќе ја завршам својата кариера по крајот на тековната сезона, објави Чех.
Тој помина 15 години во Премиер лигата овојувајќи ги сите можни трофеи. Чех најави дека ќе продолжи да работи напорно во Арсенал за до крајот на сезоната освои уште еден трофеј.
Со нетрпение ја очекувам можноста да дознам што ме чека на терен, додава голманот на „топџиите”.
Во тековната сезона, Чех бранеше на 12 натпревари и прими 12 гола
Comments are closed for this post.