Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е познат по желбата да живее „на висока нога“, се почести со луксузен стан во Њујорк.
Како што објави „Вол стрит џурнал“, апартманот со четири спални се наоѓа во комплекс популарен меѓу светските џет-сет ѕвезди, има поглед кон реката Хадсон и во негови рамки има базен, терен за сковш, теретана, библиотека и градина од 600 метри квадратни.
Цената на ова најново задоволство на 34-годишниот актуелен шампион во Формула 1, е околу 36 милиони евра и се наоѓа на само еден блок одалеченост од првиот стан што Хамилтон го купи во Њујорк во 2017 година.
Comments are closed for this post.