Повеќе од десетина фоки залутаа во еден канадски град, го блокираа сообраќајот и влегоа во домовите и продавниците. Имало и еден несреќен случај – две фоки загинале откако во нив удрил автомобил.
Експертите стравуваат дека останатите може да умрат од глад доколку не се вратат во океанот. Ова се случува во градот Родиктон Бајд Арм , на остров во канадската провинција Њуфаундленд. Канадскиот закон забранува лов или вознемирување на морските цицачи, како фоките.
Фоките залутале во градот , откако минатата недела замрзал заливот и тие биле спречени да се вратат во океанот . Во вторникот полицијата соопштила дека безбедно вратиле една фока, но ги предупредија граѓаните да не им се приближуваат.
Comments are closed for this post.