Вкупно 114.00 евра биле собрани како донации преку интернет за Кристофер Денинжер, настан кој им ја крена косата на главата на министрите во француската влада.
Денинжер не е кој било, па затоа и таквата жестока реакција на министрите. Токму Денинжер беше неодамна во фокусот на протестите на „жолтите елеци“ кога беше направено видео кое го обиколи светот на кое се гледа како тој во врвен боксерски стил влегува во дуел со полицајци. Преку интернет донациите всушност се собирале пари за да може тој да има пари за својот правен тим кој ќе го брани во судски спор. И доколку не била прекината акцијата сигурно ќе биле собрани и повеќе од 114.000 евра.
Да се даваат пари и да се поддржува некој кој нападна полицаец значи да се биде на страна на тој што сторил сериозен акт на насилство – изјави еден од министрите.
Поранешниот боксерски шампион, Денинжер (во 2007 и во 2008) призна дека не се однесувал како што треба.
Реагирав лошо. Јас ги претставувам сите пензионери, иднината на моите деца, жените, за се за што ние се бориме. Јас сум жолт елек. Го имам во себе гневот на луѓето…и секогаш малиот човек е тој што треба да плати – изјави тој.
Денинжер (37) објасни дека реагирал боксерски затоа што биле нападнати од полицијата со солзавец, a таму била и неговатѕа жена, што го прекипело неговото трпение. Видеото најдобро покажува како тој реагирал.
Comments are closed for this post.