Веќе неколку часа се надвор станарите од зградата на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кои беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Пред зградата се наоѓаат екипи на полицијата, Противпожарната единица и Брза помош. Се проверува влезот на зградата, каде што според неофицијалните информации била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Повикани се и инспектори од Министерството за животна средина и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата.

Надлежните информираа дека не се забележани остатоци од течност или што било и дек анема повредене, а екипата на Брзата помош е повикана превентивно.

 

Во моментов кај Скопјанка-станарите се уште се надвор

Posted by Pressing TV on Wednesday, 19 September 2018

На увид дојде и градскиот татко, Петре Шилегов.

 

Се уште трае увидот на полицијата- инспекторите треба да утврдат дали станарите ќе се вратат дома

Posted by Pressing TV on Wednesday, 19 September 2018