Двајца германски скијачи загинале во лавини на западот на Австрија, додека илјадници туристи останаа заробени поради обилните снежни врнежи во големите скијачки центри во австриските Алпи за време на викендот.
Опасноста од лавини во поголемиот дел од планинските подрачја на Австрија е означена како висока, што е второ највисоко ниво на скалата од пет степени.
И покрај предупредувањата и ризиците, некои скијачи се движеле надвор од обележаните патеки, по што двајцата Германци ги загубиле животите во планините во покраината Воралберг. Ним не им помогнало ни тоа што носеле елеци што се надувуваат во случај на лавина за да го одржат скијачот на површината од снегот.
Како што соопштија од спасувачките служби, Германците загинале во одвоени инциденти.
Comments are closed for this post.