Околу 75 летови се откажани или доцнат поради штрајк на обезбедувањето на двата берлински аеродроми.
400 припадници на службата за обезбедување прекинаа со работа околу четири часа на аеродромите Шонфелд и Тегел поради спор за заработувачката
Околу 50 авионите се откажани, додека 25 доцнат, објави компанијата која управува со аеродромите во Берлин.
Синдикатот “Верди” соопшти дека целта на штрајкот е предупредување за да се осигура дека здружението на работодавците ќе даде разумна понуда пред наредните преговори кои започнуваат на 23 јануари.
Се надеваме дека ја сфатија нашата порака – изјави портпаролот на агенцијата ДПА.
Околу 3.000 луѓе работат за приватни компании за обезбедување на двата аеродроми, истакнува “Верди”.
Синдикатот бара на сите припадници на обезбедувањето да се плаќа по 20 евра од саат.
Comments are closed for this post.