На гала вечерта во Лос Анџелес, сношти беа доделени Златните глобуси, вторите најзначаји награди, ведаш по Оскарите.
Во категоријата за најдобар филм, победи „Боемска рапсодија“, а главниот актер Рами Малек ја доби наградата за најдобар актер за улогата на Фреди Меркјури. Во категоријата актерка, наградена е Глен Клоус за „Жената“, иако се очекуваше дека тоа признание ќе го добие Лејди Гага за филмот „Ѕвездата е родена“. Во категоријата за најдобар филм, комедија или мјузикл, победи „Зелената книга“, Кристијан Бејл е најдобар актер а Оливиа Колман актерка. Златниот Глобус за животно дело го доби Џеф Бриџис.
Comments are closed for this post.