На 05.01.2019 година околу 11.00 од страна на лекар во Итна медицинска помош  во Демир Хисар пријавено е дека во Здравствениот дом во Демир Хисар донесен е М. Р. (54) од с.Обедник со повреда на лева надколеница предизвикана за време на лов.

По негово кажување, со повредата се здобил во с.Обедник на место викано „Локва” при испукување на куршум од ловна пушка од страна на С. Ѓ. (52)  од с.Обедник. Извршен е увид по овластување на јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.