Со објавените огласи за вработувања во јавната администрација се пополнуваат испразнетите места од втората половина од 2017 година. Ова го истакна премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавените огласи за вработувања во јавната администрацијa.
Станува збор за пополнување на испразнетите работни места на крајот на минатата и почетокот на оваа годна. Тоа се работни места испразнети во втората половина од 2017 година, а сега се пополнуваат и тоа само дел од нив. Со вработувањата нема нови зафаќања од буџетот и не е предвиденио ништо освен најавените зголемувања од пет проценти, а некаде и 10 во некои институции, посочи премиерот и побара да се погледнат податоците за бројот на администрацијата во минатите години и сега.
Инаку голем број на огласи изминатите денови се објавени за вработување во државните институции и јавни претпријатија. Последени огласи се оние во јавното претпријатие за државни патишта за вработување на 16 советници и референти и 84 инкасанти за наплата на патарина.
Оглас за вработување на 11 кандидати за референти, помлади референти, помлади соработници и други профили работници на повеќе локации во Македонија распиша и УХМР
Распишан е оглас за вработување на 4 државни службеници во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој каде што се бараат советници и помлади соработници.
Дирекцијата за безбедност и класификација на информации пак вработува две лица: самостоен референт за безбедносна акредитација и помлад референт технички секре ар на директорот.
Во оглас за вработување на 3 лица во Агенцијата за лекови и медицински средства се бараат кандидати за инспектори и помлади соработници.
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 8 лица во казнено-поправниот дом Идризово.
Агенцијата за вработување, пак , вработува 27 лица и тоа соработници по различни сектори, референти за шалтерски услуги, курири како и чувар и портир.
И во Дирекцијата за заштита и спасување се бара Раководител на одделение за правни, административни работи и аналитика.
Оглас за три позиции распиша и Ревизорското тело за ревизија на предпристапната помош. Таму се бара: раководител на одделение за нормативно – правни работи и човечки ресурси, сектор за финансиски и правни работи, советник за човечки ресурси во истото одделение како и помлад соработник за буџетска контрола, одделение за финансиски прашања, сектор за финансиски и правни работи.
Четири советници и еден виш соработник вработува и Дирекцијата за технолошко индустриски зони.
Сите овие огласи се распишани во празничните денови (01- 04 јануари), а завршуваат веднаш по празниците ( 09 јануари).
Comments are closed for this post.