Михаел Шумахер во четврток ќе наполни 50 години, а од неговата тешка несреќа на скијање во Франција поминаа шест години.

Проверени информации за неговата состојба има многу малку па зборовите на неговата сопруга Корин, која ретко јавно настапува, се најмеродавни за тешката ситуација.

Бидете сигурни дека е во најдобри раце и дека правиме сè што е можно да му помогнеме, кратко изјави Корин.

Сопругата на Шумахер со замолница за разбирање рече дека ваквите теми, како здравјето го држат во приватност, а таква била и желбата на Михаел.

Ви благодарам многу за  пријателството и ви посакувам здрава и среќна 2019 година, порача Корин.

Потсетуваме, несреќата се случи на 29 декември 2013 година. Михаел и неговиот син Мик биле на скијање во францускиот Марибел. Во еден момент Германецот излегол надвор од стазата и удирл во камен кој го отфрлил деетина метри во воздух.

Паднал и удрил во камен, а без оглед на тоа што носел шлем, последиците биле драматични.