Првата дама на Америка, Меланија Трамп, посака среќна нова година на друштвените мрежи, но корисниците приметија дека на фотката „исекла“ една личност.

На селфито позира со насмеано лице, а во долниот десен агол ѕирка едно око и образ кој веројатно дека припаѓа на нејзиниот син Барон.

 

View this post on Instagram

 

Wishing everyone a Happy, Healthy, Peaceful and Prosperous New Year! ✨

A post shared by First Lady Melania Trump (@flotus) on

Нејзиниот сопруг Доналд Трамп исто така честиташе нова година, објавувајќи ја во свој препознатлив стил.

Среќна нова година на сите, вклучувајќи ги „хејтерите“ и медиумите кои објавуваат лажни вести. 2019 ќе биде фантастична година за оние кои не патат од синдромот да го понижат Трамп. Само смирете се и уживајте во возеето, убави работи и се случуваат на нашата земја, напиша Трамп.

Инаку Меланија, за Нова година организираше бал во Мар а Лага на Флорида, додека Трамп остана во Белата куќа.

На забавата Меланија, помеѓу останатите, се дружела со амбасадорот на ОН Паоло Замполи и неговата убава сопруга која со фотографија со првата дама се пофали на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

POTUS absence was truly missed, all friends & family respected POTUS unconditional commitment tor AMERICA

A post shared by AMB PAOLO ZAMPOLLI (@ambassadorzampolli) on