Ф.И. (32) од Србија е тешко повреден откако ноќеска, управувајќи патничко моторно возило „Нисан“, излетал од регионалниот пат Гостивар-Маврово кај Новоселски Мост–Ново Село, соопшти полицијата.
Несреќата е пријавена во 01:20 часот по што Ф.И. со Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар – Гостивар, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Comments are closed for this post.