Ѕвездите од регионот навистина добро ќе заработат за новогодишната ноќ. И додека нашите пејачи речиси и ги нема, нивните колеги од Србија и Хрватска веќе ги бројат еврата што ќе ги заработат за една вечер.

Тони Цетински ќе инкасира дури 55.000 евра за настап во Дубровник, Нина Бадриќ 25.000, а старите рокери Прљаво Казалиште 14.000.

Најголемата забава на Балкнот за Нова година ќе биде во Црна Гора. За настап во Тиват Жељко Јоксимовиќ ќе заработи 60.000, додека Лепа Брена ќе пее за 40.000.

Рекордер кога се работи за хонорарот е Дино Мерлин кој за два часа пеење на плоштадот во Будва ќе добие 70.000 евра.